03 Мај, 2024
0.0250

Со примена на еколошки стандарди до поконкурентно производство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 24 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Заштитата и управувањето на животната средина е проблем и сопатник на развојот на човечката цивилизација, но во последните десетлетија станува се поактуелен. Европската Унија го подржува развојот на еколошки прилагодена и конкурентска економија, која се стреми да ги постигне целите на концепцијата за одржлив развој. Едно од важните средства за воведување на стандардите за социјална и еколошка одговорност во земјите на ЕУ како услов за постигнување на еколошка подносливост, социјална одговорност и економска одржливост, се јавуваат системи за управување на животната средина или Европска шема за управување и ревизија на животната средина (EMAS). Што е EMAS? Системите за управување на животната средина се јавија како последица на индустрискиот развој и ја одразуваа потребата за оптимално искористување на расположивите ресурси и нивното обновување. Поради меѓународниот карактер на редица економски сектори, возникнуваат општо прифатени стандарди за управување на животната средина.Европската еколошка агенција дефинира, дека системот за управување на животната средина е средство кое обезбедува ефективно исполнување на управувачките мерки за животната средина соодветни на целите и задачите на еколошката политика (ЕЕА 2006). Според повеќето автори, Програмата за животната средина на ООН, ја претставуваат системите за управување на животната средина на пооделни земји како дел од целосниот систем на управување кој ги опфаќа дејностите на: планирањето, разработувањето на програмата, примената, преглед и подршката на политиката за животна средина. Главниот модел на системот за управување на животната средина, претставен во специјализираната литература, е тој на еколошките стандарди ISO 14001 и EMAS. ISO 14001 ги конкретизира стандардите за една фирма (субјект) односно систем за управување на животната средина на таа фирма. Шемата за управување на животната средина  и ревизија (EMAS) ги вклучува сите барања на ISO 14001 со неколку дополнувања.      Шемата за управување на животната средина и ревизија (EMAS) е доброволен инструмент на ЕУ предлаган на организациите за оценување, подобрување и известување на нивното однесување кон животната средина. Отворена е за сите економски сектори вклучително  и оние што предлагаат и општествени и приватни услуги. Се стреми, за управување на животната средина да стане еден непрекинат процес кој води кон постојано подобрување на еколошките резултати. Во ЕУ, различни институции одговараат за примена и подршка (охрабрување) на EMAS. Европската комисија ја разработува и контролира шемата EMAS на ниво на ЕУ, но сите држави членки се должни да создаваат национални шеми за регистрација и контрола кои што даваат можност за успешна примена на национално ниво.Општо земено, EMAS е доброволен иснтрумент, кој е на располагање на секоја организација која остварува дејност во кој и да е сектор на економијата во рамките на ЕУ или и надвор од ЕУ со цел: -да прифаќа еколошка и економска одговорност; -да ги подобрува своите еколошки резултати пред општеството и на сите заинтересирани. Според повеќе истражувања, EMAS е од голема корист на учесниците во шемата организации и тоа: -подобрени еколошки и финансиски резултати, кои се изразуваат со високо квалитетно управување на животната средина, повисока ефикасност на ресурсите и пониски трошоци; -подобро управување на ризиците и потенцијалите, што дава гаранција за точно запазување на регулаторните барања на законодавството во сферата на животната средина, за намален ризик од казни во врска со законите од областа на животната средина, за примена на регулаторните олеснувања и др; -зголемена доверба, регулација  и транспарентност, гарантирана како независна информација во однос на животната средина, користење на логото на EMAS како инструмент на маркетингот, подобри можности за бизнис на пазарот, каде еколошките производни процеси се од значење, подобри односи со клиентите, со локалната и пошироката општественост со регулаторните органи и др. Развој на EMAS Повеќе истражувачи како почеток на системот за управување на животната средина го прифаќаат почетокот на деведесетите години на 20 век од Британскиот институт по стандардизација (BSI). Стандардите од ISO 14000, го формулираат поимот: систем за управување на животната средина и му даваат ред други дефиниции. Стандардот е кус, јасен, но сосема доволен да служи за база за разработка и примена на системот за управување на животната средина. Во исто време Европската комисија ја разработува шемата за управување на животната средина (EMAS ) која е иста со BS7750, настанал од BSI, но вклучува и дополнителни барања. Барањата на EMAS  се објавени како регулатива 1836/93 на Советот на ЕУ во 1993 година. Учеството во системот е доброволно и достапно за општествени и приватни организации, кои работат во Европската Унија или во Европската економска заедница–Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Во исто време барањата на ISO 14001 целосно се вклучени во EMAS.     Во 2009 година со решение на Комисијата, шемата е на располагање и на организации надвор од ЕУ и Европските здруженија кои  вршат дејност надвор од ЕУ. Истовремено, поставени се и насоки за корпоративна регистрација во ЕУ, регистрација во трети држави и глобална регистрација по шемата. Намалени се бирократските процедури (ревидиран ревизискиот циклус, регистрацијата на едно место, клостерски пристап) и е олеснето учеството на малите и средни претпријатија. Кај воведувањето на EMAS треба да се имаат во предвид секторските референтни документи и да се назначи во еколошката декларација како биле искористени тие документи. Општа процедура за воведување на EMAS На прво место е воведување на првостепена анализа на директните и индиректните еколошки аспекти на сите дејности извршени од организацијата. Се определува методологијата за нивната оценка, соодветност на организацијата со законитоста и постоење на практична примена за управување на животната средина. На таа етапа организацијата прифаќа ангажирање, да постигне подобри еколошки резултати што се опишува во политиката за животната средина на организацијата. Воведувањето на системот за управување на животната средина треба да е соодветно на барањата на ISO14001. Во неа се определуваат одговорностите и целите на системот, средствата за нејзината подршка, утврдување оперативни процедури, идентифицирана потреба од обука, како  ипримена на систем за мониторирање и комуникација. На ова ниво се определува и се дава приоритет на сите аспекти поврзани со влијанието на ајонизацијата врз животната средина и се определуваат специфичните индикатори за нивното мерење.Потоа, спроведување на внатрешна еколошка ревизија со цел да се оцени исполнувањето на системот за управување на животната средина, како и соодветност на постигнатото со другите организациони политики и програми и со барањата на законитоста.Следува изработка на еколошка декларација во која организацијата ги презентира пред широката јавност еколошките резултати во однос на поставените цели прокламирани со нејзината еколошка политика.По заверка на еколошката декларација, таа може да се искористи за оценка на ланецот за наложување на општествени порачки, да се предлага на пазарот како дејност со логото на EMAS. Денес во ЕУ има над 4.500 организации со над 7.800 претпријатија регистрирани по EMAS. Најголем број регистрирани фирми се од Германија, Австрија, Шведска и Данска. Во последните пет години расте регистрирањето на фирми од Шпанија и Италија. Околу 20% од регистрираните фирми се микропретпријатија, 60% се мали и средни компании и 20% се големи  фирми. Проф. Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?