Со пари од Развојна банка ќе им се помогне на претпријатијата погодени од коронавирусот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Март, 2020 19:06
На оваа 22-та седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за користење на средства од Развојна банка на Република Северна Македонија за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со коронавирусот со предлог одлука.
Оваа информацијата е подготвена со цел Владата да се запознае за потребата од користење на финансиски средства од развојната банка на Република Северна Македонија, кои ќе се користат за поддршка на деловните субјекти чие работење е погодено од состојбите поврзани со коронавирусот.
„Сегашната состојба во Република Северна Македонија, поврзана со коронавирусот како и прогласената пандемија на состојба со коронавирус од страна на Светската здравствена организација, наложи потреба од преземање на мерки за поддршка на бизнисот со цел олеснување, односно намалување на последиците што стопанството во Република Северна Македонија ги трпи како последица на коронавирусот. Во овој правец се предвидуваат кредитни шеми за поддршка на реалниот сектор кои ќе се реализираат преку Развојна банка на Република Северна Македонија. Односно, една од мерките е и воведување на нова кредитна линија од 5 милиони евра, преку која ќе се кредитираат директно компании чија што економска активност е директно погодена од коронавирусот. Кредитирањето ќе се врши со поповолни услови – подолг грејс периоди, подолг рок за отплата и пониски каматни стапки од стандардните кредити. Кредитите ќе бидат во висина од 5.000 евра до 20.000 евра, а висината ќе биде во зависност од бројот на вработени во компанијата, за микро претпријатија со 1-10 вработени од 3 - 5 илјади евра, за мали претпријатија со 10-50 вработени од 5-15 илјади евра, за средни претпријатија со 50-250 вработени од 15-30 илјади евра“, информираа од Владата.
Преку Развојна банка на Република Северна Македонија се планира директно кредитирање на компании погодени од корона вирусот и во износ од дополнителни 6 милиони евра од Компензационен фонд од странска помош и Компензационен фонд од друга странска помош, при што е потребно да се обезбедат услови за операционализација на овие средства.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево прогласи кризна состојба од 30 дена.
Во земјава има 35 заразени од опасниот вирус.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





