Со нова водоводна линија штипски „Исар“ снабдува околу 3.000 жители
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2013
Штипското комунално претпријатие „Исар“ работи на нова водоводна линија и подобрување на водоснабдувањето за неколку штипски населби. Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски вели дека екипите на претпријатие работат на изградба на нова приклучна водоводна шахта и на нова водоводна линија, која продолжува до резервоарот Каракуш.
- Главната водоводна линија Фи 300 има повеќенаменско значење. Од неа се приклучуваат новосоздадените плацови за индивидуални куќи во населбата „Сењак 3“, како и можност за поврзување на плацовите од населбата Света Недела и подобрување на водоснабдувањето на улицата „Панче Караѓозов“, вели Мицевски.
Тој истакна дека со завршувањето на овој дел од водоводната линија, екипите ќе продолжат со изградба на нова линија со која ќе се подобри водоснабдувањето на индивидуалните куќи кои се легализираат во населбата „Пелтеково имање“. Со изградбата на оваа водоводна линија квалитетно водоснабдување ќе имаат над 3 000 жители од неколку штипски населби.