26 Април, 2024
0.0265

Со користење на апликацијата HalkEco на ХалкБанк граѓаните само за еден ден обезбедија засадување на 22 дрвja

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

За само еден ден откако официјално беше претставена новата мултифункционална мобилна апликација HalkEco на Халкбанк, истата ја имаат симнато 1.242 граѓани кои за 24 часа успеаја да обезбедат нови 22 дрвja што Халкбанк ќе треба да ги засади. Сите оние што започнаа да ја користат апликацијата додека пешачат, трчаат, возат велосипед или електричен тротинет имаат поминато 1.809 километри и со своите здрави навики ја намалија емисијата на јаглен диоксид за 234 килограми.

Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco што има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност банката ќе засадува дрвја, со што заедно ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, ХалкБанк ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, ќе добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ќе ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Во апликацијата се содржани повеќе елементи чија заедничка цел е намалување на емисијата на штетните гасови и засадување што повеќе дрвја.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет