Со Коби загина и неговата ќерка, Трамп вели - загубата на легендата е ужасна вест
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2020
По смртта на Коби Брајант се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп со твитер порака.
„Извештаите дека кошаркарската величина Коби Брајант и уште тројца загинале во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тоа е ужасна вест!"
За голема жал, со Коби заедно во хеликоптерот била и неговата 13 годишна ќерка, Џиана Марија Онор, која исто така почина во несреќата.
Тие биле на пат кон академијата Мамба за кошаркарска практика кога се случила несреќата.
Смртта на петте лица е потврдена.
Фото TMZ