02 Мај, 2024
0.0254

Со кампања ќе се учат децата за безбедност на храната

Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги очи децата за безбедност на храната преку капања која ќе трае две недели. Како што информираат од АХВ, со кампањата ќе бидат опфатени сите градинки, основни и средни училишта, како и граѓани потрошувачи од сите возрасти во општините Гази Баба, Кисела Вода, Штип, Прилеп и Гостивар. Кампањата почнува денеска и ќе трае до крајот на месецот, а ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со 1,6 милиони денари финансиска поддршка од Јапонската агенција за меѓународна соработка „JICA“. “Активностите ќе се фокусираат на одржувањето лична хигиена, миењето, чувањето и подготвувањето на храната, правилното читање на декларациите и изборот во рестораните“, рече на прес-конференцијата директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски. Според него, потребата од едукација на потрошувачите за консумирање храна никогаш не е доволна. Како што истакна градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кампањата ќе ги едуцира и вработените во градинките и училиштата кои понатаму практично ќе го продолжат проектот преку секојдневното работење. „Целта е да ја подигнеме свеста за правилна и поквалитетна исхрана на граѓаните од сите возраст“и, потенцира Трајковски. Тој и директорот Рунтевски потпишаа Меморандум за соработка со што и официјално го означија стартот на кампањата. Доколку бидат обезбедени дополнителни средства, како што истакна Рунтевски, активностите ќе се имплементираат и во други општини

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?