19 Мај, 2024
0.0267

Продолжува Месецот на ДУНА и RICOH во Македонија

Сo CLICK договор - до намалување на трошоците во печатење и менаџирањето со документи

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Месецот на Дуна и RICOH во Македонија, домашните деловни корисници се држат во чекот со светските трендови и новини во ИТ индустријата, особено во делот со управувањето со печатењето и менаџментот со документи, овој пат, и на поинаков начин - преку stand-up презентација на Сашко Коцев

Во соработка со гигантот RICOH, Дуна Компјутери продолжува со серијата активности и настани за своите традиционални и потенцијални деловни клиенти. На овој начин, во кампањата на Месецот на Дуна и RICOH во Македонија, домашните компании се држат во чекот со светските трендови и новини во ИТ индустријата, особено во делот со управувањето со печатењето и менаџментот со документи. За следниот настан, планиран да се одржи на први декември, тимот на Дуна осмисли иновативна и необична презентација на услугите што ги нуди компанијата, низ stand-up претаставување на придобивките од користењето на супериорниот софвер и хардвер на РИКО. Презентацијата ќе биде своевиден перформанс раскажан низ призмата на популарниот актер и stand-up артист, Сашко Коцев, кој од негов агол ќе го претстави најновиот пакет услуги кој што Дуна компјутери го нуди за своите клиенти.

“Се одлучивме за ваков тип на презентација, со цел да излеземе надвор од рамките на класичното пртетставување на услуги, да понудиме поразличен пристап, од една страна да ги заинтригираме нашите традиционални и идни клиенти, но, од друга страна, сето тоа да биде раскажано од еден поинаков ракурс. Целта е на деловните корисници им прикажеме како преку наем на врвна опрема и врвен софтвер, под еден договор, да ги заборават главоболките поврзани со печатењето и менаџирањето на документите во нивната компанија, со едноставно склучување на таканаречен Click договор”, вели Бојан Миноски, Комерцијален менаџер во Дуна.

Дуна компјутери, во соработка со светски познатиот RICOH, на македонскиот пазар воведе нов пакет на услуги, поврзани со менаџирањето на печатењето и управувањето со документи за компаниите. Пакетот на услуги, кој што ги следи последните светски трендови во оваа индустрија, содржи хардверски и софтверски решенија, комплетно насочени кон управувањето со печатењето, грижата за документите, а во насока на обезбедување на најниски оптимални цени за печатењето, без дополнителни инвестиции, со бесплатен сервис и одржување и без скриени трошоци. Целиот овој пакет, на компаниите им е достапен преку таканаречен Click договор.

Уредите на RICOH работат врз софтверскиот пакет - Процес за менаџирање на документи - Managed Document Services (MDS), кој што е составен од два интегрирни дела: Процес на менаџирање на печатење и репродукција на документи - Managed Print Services (MPS) и Дигитална и физичка архива - Digital and Physical Archive.

“Во процесот на креирањето на еден документ за секој потрошен еден денар, има десет денари потрошени во процесот на менаџирање и околу 15% од годишните трошоци потребни за креирање, менаџирање и архивирање. Затоа, Процесот за менаџирање на документи (MDS) стана основна потреба и компетитивна предност на секоја современа компанија”, велат во Дуна.

Наспроти инвестирањето и распределувањето на значителни финансиски средства кои што бараат дополнително планирање и користење на капитални ресурси во делот на печaтењето и на менаџирањето со документи, Дуна преку единствениот Click договор, на компаниите им нуди интегрирано, оптимизирано управување со сите операции, контрола на трошоците и подобрување на ефективноста и ефикасноста на вработените преку стратешкото партнерство со компанијата. Со воведувањето на оваа услуга, следејќи ги најновите трендови во ИТ индустријата, Дуна овозможува трошоците на корисниците значително да се намалат на тој начин што наместо да трошат средства во капитални трошоци, тие се инвестираат во оперативните трошоци, при што инвентарот се претвора во оперативен, месечен трошок.Преку  потпишување на Click договорот клиентот добива бесплатно одржување и сервис, гаранција до пет години, принтер, копир, скенер и факс – што значи машина се во едно, бесплатен софтвер за мониторирање на печатењето, а по завршувањето на договорот уредите остануваат во сопственост на корисникот.

Симулација на формирање на цена по една печатена копија со Click договорот на Дуна:


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата