Снежно невреме го блокираше Техеран
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2020
Снежно невреме го зафати Техеран.
Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а набрзо потоа се наруши сообраќајот во главниот град на Иран.
Поради снегот, има отежнат сообраќај, нарушен воздушен сообраќај, затворени училишта.
Летовите доцнат или се откажани.
Обилниот снег во областа Техеран и северните провинции ќе продолжи да паѓа до утре.