СНЕГОТ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ: Се урна покрив на индустриска хала
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2019
Поради обилни врнежи од снег, се урна покрив на една празна индустриска хала во Поточари кај Сребреница.
Таа припаѓала на транспортно претпријатије, а со текот на времето и приватизацијата менувала повеќе сопственици.
Халата е купена за 850.000 евра, а за реновирање ќе се потрошат 150.000 евра.
Општината ќе утврди колкава штета е причинета. Реконструцијата ќе продолжи штом тоа ќе го дозволат временските услови.