04 Мај, 2024
0.0254

Снегот го заледи Балканот, зимата предвреме дојде

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Балканот се соочува со речиси зимски временски услови откако на повеќе повисоки места падна првиот снег, а температурите значително опаднаа. Таква е состојбата во делови од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а снегот предизвика и проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, додека делови од јужна Далмација се зафатени од невреме проследено со силен ветер.

Како што соопшти утрово јавното претпријатија „Патишта на Србија“, снег паѓа во повеќе делови во западна и југозападна Србија, а поради снежната покривка на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица - Преко Брдо. 

Снег во текот на ноќта и претпладнево паѓа на српските планини Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница, Чемерница, Тара, Гоља и Јабука.

Врнежи од снег се регистрирани и во реоните на градовите Нова Варош, Ивањица, Пријепоље и Сјеница, како и долж течението на реката Лим, на местата од над 400 метри надморска висина, што го попречува нормалниот сообраќај на патот на преминот на српско-црногорската граница.

Во некои делови на Србија веќе е формирана и снежна покривка која се движи од осум, па до 30 сантиметри. 

Поради снегот во некои планински делови има и проблеми со редовното снадување со електрична енергија, а околу 1.000 жители на планината Гоља повеќе часови се без струја. 

Снег паѓа и во повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење на патните правци во овие региони.

На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

Снег паѓа и во северните делови на Црна Гора, а планината Жабљак е формиран снежна покривка во висина од 33 сантиметри.

Снежните врнежи во Црна Гора се пропратени и со силен ветар, што предизвика прекин на електричната во повеќе планински села.

Метероеолозите предвидуваат дека снегот во овие делови ќе проодлжи да паѓа до вечерва.

Во исто време, реонот на Дубровник го погоди силен ветер пропратен со пороен дожд, кој уриваше столбови и корнеше дрва, а предизвикани се и неколку одрини.

Противпожарната служба на Дубровник имала десетици интервенции за остранување на откорнати дрва од коловизите, а пријавени се и оштеувања на повеќе возила.

Поради силниот ветер во прекин се и неколку траект линии од јужниот даламтински брег кон островите. 

Во останатите делови на Балканот преовладува претежно дождливо и студено време.


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни