14 Мај, 2024
0.0284

СМИРЕН РАБОТНИК НА НИВАТА БОЖЈА - Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, јави МИА. 

Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. 

Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски”, а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во обраќањето до верниците по повод оваа свеченост истакна дека епископите во црковната традиција се наречени приемници на апостолите и продолжители на нивното дело, со што се истакнува важноста на службата и високата мисија на оние удостоените на тој чин. 

„На начин како што апостолите го примија духот на вистина на Сионската височина, и ти се удостои да примиш дух на мудрост и разум, на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост, и веруваме дека токму тоа ќе ти помогне и преку новата должност уште побудно да ги надгледуваш доверените души, давајќи им пример на сите…Со денешниот чин преку Светиот дух врз тебе се изли љубовта божја и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на љуѓето и да ги исполнуваш задолженијата“, рече г.г. Стефан. 

Поглаварот на МПЦ во словото до верниците посочи на некои од предизвиците со кои се соочува македонскиот народ.

„За жал, како народ, држава и Црква се уште сме пред портите на правдата и за црковната и националната македонска вистина. Но, силно веруваме дека ќе истраеме и дека ближи денот кога и последните неверни Томи ќе ја разберат и прифатат сета наша македонска вистина. Во таа борба повикани сме сите да учествуваме, и ијерархијата и монаштвото и свештенството и верниот народ и сите кои оваа земја Македонија ја чувствуваат за своја татковина, а црвката Македонска и Охридска за своја духовна мајка. Преосветен владико, внимавај и чувај ја довербата што ти се дава, сите твои постапки и дела нека бидат за доброто на нашиот народ и Црква, та во се да се прослави Бог преку Исуса Христа чија слава и владеење се вечни“, истакна меѓу другото поглаварот Стефан. 

Новоназначениот митрополит Партениј во првата пристапна беседа пред верниците истакна дека да се биде епископ значи да се биде прв, но не во превласта, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро. 

„Кој сака да биде прв, нека да биде последен и слуга на сите. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служејќи и на тајната. Не само во храмовите Божји туку и во срцата на верниците. Ето зошто ова пристапно слово ќе биде благодарност за сите и за се. Важно е сведоштвото и зборовите, но поважни се делата и жртвата, така ќе оставам сработеното досега што секако е плод не на нашата праведност ами на Божјата благодет, само да говори за нашата посветеност кон татковината и нашиот верен народот. Црквата живее и постои за да го изразува совршеното дело на љубовта…“, рече меѓу другото митрополитот Партениј. 

Честитки за новоименуваниот Епископ Антаниски упатија бројни верници дојдени во Охрид само за да бидат сведоци на оваа свеченост.

Самиот настан се одржа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и за посетителите беа обезбедени заштитни маски. Бројот на верници околу самата црква беше поголем отколку што дозволува просторот, а истовремено се водеше сметка за препораката за одржување социјална дистанца. Црквата „Света Софија“ пред почетокот на церемонијата беше целосно дезинфицирана. 

Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!