18 Мај, 2024
0.0267

Смешни и вистинити канцелариски закони

Објавено во: Стил 25 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе ви го свртиме вниманието на смешни но вистинити канцелариски закони. Всушност , тие се смешни доколку не се однесуваат на Вас, но ако ги гледaте во прво лице еднина ,  ќе Ви изгледаат трагично. За да не се нервирате читајќи ги овие закони , замислете си дека се однесуваат на колегата или колешката која не ја сакате многу. 1. Ако си одиш подоцна од работа , никој тоа нема да го забележи, а доколку си заминеш порано , ќе го сретнеш твојот шеф на паркинг. 2. Ако мораш нешто да работиш , а тоа го одложуваш  доволно долго, има надеж дека некој друг ќе ја заврши работата  наместо тебе. 3. Доколку ја работиш задачата многу добро , сигурно ќе заглвиш со неа. 4. Ако уживаш во тоа што го работиш, веројатно ,погрешно го работиш. 5. Ниеден шеф не ги сака подредените кои секогаш се во право. 6. Колку помалце треба да се работи , поспоро се завршува работата. 7. Несреќите се случуваат кога двајца настојуват да бидат паметни во исто време. 8. Телефонот никогаш не ѕвони кога немаш работа. 9. Секогаш работиш нешто беззначајно кага шефот ќе ти ѕирне во бирото. 10. Кога не знаеш што да работиш, оди брзо и изгледај загрижено. 11. И покрај покачувањето на платата , на крајот на месецот ќе имаш помалку пари отколку пред покачувањето. 12. Секој може да ја заврши работата под услов да не му е наменета него. 13. Штом ќе биде готово кафето, шефот ќе те повика да му завршиш работа се додека кафето не се олади. 14. Што повеќе гадости поднесуваш ,повеќе гадости добиваш. 15. Тапкањето по грбот е само половина метар далеку од клоцата по задникот. 16. Ако не можеш да ја завршиш работата во првите 24 часа, работи ноќе.