02 Мај, 2024
0.0265

Слушале музика и го искасапиле новинарот Кашоги во рок од 7 минути

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Убијците го искасапиле новинарот Џамал Кашоги за седум минути, додека слушале музика.

Врз основа на аудио снимките, турското Министерство за надворешни работи информираше дека на убијците на саудискиот новинар  Кашоги, им било кажано да слушаат музика додека го убиваат. Еден од убијците уживал во чинот, додаваат од оваа институција. 

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, изјави дека лично ја преслушал аудио снимката, на која било забележано убиството. 

„Го преслушав тоа. Тој е убиен за седум минути и тоа е направено намерно“, рекол Чавушоглу за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Слушнал доктор како им предлага на убијците да слушаат музика додека го сечат Кашоги. Едниот од нив, наводно, рекол и дека сака да сече луѓе. 

Канцеларијата на Државното обвинителство во Истанбул вчера потврди дека претресите на двете вили во северозападната турска област Јалова се извршени во рамките на истрагата за убиството на новинарот.

Стотици Тунижани протестираа денес во центарот на главниот град против посетата на саудискиот престолонаследник кого го сметаат за одговорен за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Тој исчезна во конузлат во Истанбул на почетокот на октомври. На 20 октомври, саудиските власти објавија дека тој бил убиен по конфликт во зградата на конзулатот. Единаесет лица се обвинети за учество во убиството, а за петмина од нив саудиското обвинителство бара смртна казна. Според Ријад, првичната намери била Кашоги да биде однесен во Саудиска Арабија, а не да биде убиен.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа