02 Мај, 2024
0.0313

Словенечка поддршка за реформите во земјоделството

Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Поголема соработката на Македонија и Словенија во областа на земјоделството која се реализира согласно Договорите меѓу двете земји во областа на заштита на растенијата и на полето на ветеринарната медицина, како и поддршка на Словенија на структурните и правни реформи во процесот на европската интеграција на Македонија. Ова се главните теми на кои разговараа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со  амбасадорот на Словенија Бранко Раковец. На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, министерот Димовски го информирал амбасадорот Раковец дека словенечката Влада издвојува одреден буџет за исполнување на стратешките приоритети на Владата на Македонија односно реализирање на европската ориентација на земјата. Главно техничката поддршка од Словенија во областа на земјоделството се реализира согласно Програмата за техничка соработка која се ажурира и надополнува секоја година. Техничката помош преку оваа програма се реализира преку различни форми на поддршка, експертска помош, студиски посети, обуки, работилници во областа на руралниот развој, сточарството, односно млеко производството, подготвување на оперативната структура за спроведување на ИПАРД, различни сегменти од земјоделскиот – информативен систем, како и уредување на заеднички пазари за одделени земјоделски производи. Во рамки на Програмата за техничка соработка во областа на земјоделството, годинава техничката помош ќе се реализира во областа на фитосанитарната политика, анализа на земјоделската политика, трговската политика, шумската и ловната инспекција, зоотехниката, како и во областа на семето и садниот материјал. Интензивна техничката соработка со словенечките колеги, како што е наведено во соопштението, е реализирана и преку ТАИЕХ инструментот во областа на фитосанитарната инспекција, семе и садниот материја, органското земјоделско производство, медиумска кампања за руралниот развој,...  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?