СТОП за исламизацијата
Словачка со нов закон спречи исламот да стане државна религија
Објавено во: Свет 01 Декември, 2016
Во парламентот на Словачка со двотретинско мнозинство е донесен нов закон по иницијатива на радикалната десница со кој се ограничува можноста за регистрирање на одредена религија како државна, а се смета дека е насочен директно против исламот.
Со новиот закон се предвидува дека одредена верска заедница може да се регистрира доколку има најмалку 50 илјади потврдени членови за потоа да стане државна религија на ниво како и на римокатолизмот.
Тоа значи дека муслиманите во земјата не можат да добиваат државна помош за своите верски објекти, а немаат ни право да формираат верски училишта. Пратениците од радикалните десничарски партии сметаат дека на овој начин ќе се спречи исламизацијата на Словачка и жалат што нивниот предлог за најмалку 250 илјади членови не бил прифатен.