02 Мај, 2024
0.0299

„Славниот“ Туарег од авантурата на Диме Спасов одземен од Агенцијата за вработување

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

„Славниот“ Фолксваген Туарег со кој Диме Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика оштети две возила на улица Алжирска во Скопје и потоа бегаше од полицијата, е превземен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата донесе одлука возилото да му се одземе на досегашниот корисник Агенцијата за вработување и да му се предаде на користење на министерството кое го предводи Трајан Димковски. И за време на неславната предизборна авантура на Спасов пред нешто повеќе од три години медиумите ја критикуваа Агенцијата за вработување за негрижа на возниот парк и за тоа како му бил доверен автомобилот на Спасов за приватни потреби вон работното време и задачи.

Станува збор за возило кое работи на погон на дизел со работна зафатнина на моторот од 2.461 см3 и сила од 128 киловати, со црна металик боја и произведен во 2008, во моментов со регистарска ознака SK-3635-AM. 

dime spasov

- Согасно одлуката на Владата, возилото ќе биде за службени потреби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, гласи краткиот и потврден одговор без да ни биде одговорено поконкретно која инстанца од Министерството ќе го користи возилото и за каква намена ќе биде, во каква состојба се наоѓа возилото и дали веќе е превземено од Агенцијата за вработување.

„Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, гласеше дел од тогашната реакцијата на Спасов.

На местото каде се случи сообраќајката дојде друго лице кое се претстави како Марио Тавиќ и на полицајците им рекол дека тој го возел возилото со кое биле удрени другите возила во скопско Тафталиџе. Истовремено Спасов даваше исказ во полицијата.

Александар Кузмановски



Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично