18 Мај, 2024
0.1922

Слабите резултати од претседателските избори го направија своето: Шанси кај Заев имаат само оние што добро сработиле

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска пред медиумите откри дека премиерот Зоран Заев одлуката да ги разреши сите 78 претседатели на СДСМ на општинските организации и да има конкурс одново се должи на подочекуваните резултати во повеќето општини за време на претседателските избори.

- Промените се тука и видливи, согласно одлуката на претседателот на СДСМ, разрешени се 78 претседатели на општинските организации на СДСМ, односно сите претседатели. СДСМ им се заблагодарува за нивниот досегаешн ангажман на окано ниво. Оваа одлука води единствено кон поправање и коригирање на слабите резултати во општините каде што добивме јасен сигнал од граѓаните и се разбира, продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни, рече Костадинов.

Пратеникот меѓу редов откри дека шанса за реизбор ќе имаат оние претседатели кои повторно ќе се пријават на конкурсот но при тоа нивните општини дале добри резултати при гласањето за време на претседателските избори.

- Ги охрабруваме оние претседатели во општините каде што беше забележана победа на изборите ги повикуваме повторно да се кандидраат. Промените кои ќе донесат подобар живот на граѓаните продолжуваат. Најавувам и други нови чекори, додаде гласноговорникот.

Тој информира дека во недела попладне ќе се одржи седница на партискиот Централен одбор на кој ќе биде донесени дополнителни одлуки.


Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?