15 Мај, 2024
0.0286

СЛАБИ И СИЛНИ ТРОШАЧИ - Владата искористила под 4 отсто за капитални инвестиции, Агенцијата за разузнавање дури 98 проценти

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Кој колку потрошил од планираните капитални инвестиции веќе не е тајна, преку новата алатка на Министерството за финансии, која на дневна основа ќе ја следи реализацијата кај сите буџетски корисници.

Вкупно, заклучно со крајот на септември, или за девет месеци, сите буџетски корисници потрошиле 37,64 отсто од капиталните инвестиции. 

Владата била слаба во трошењето на парите што и биле дадени на располагање за капитални инвестиции. За девет месеци, заклучно со крајот на септември искористила само 3,69 отсто. 

Агенцијата за разузнавање, пак, била одлична во трошењето, дури 97,85 за девет месеци. 

Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски исто биле послаби, потрошиле 11,69 отсто, а Собранието нешто над 15 проценти. 

Добра била Државната изборна комисија 89,25 отсто, но и Државниот Завод за ревизија, кој уште нема директор, или 68,8 проценти.

Министерството за одбрана потрошило 20 отсто, а многу слаби се Дирекцијата за заштита и спасување, 5,76 отсто и Центарот за управување со кризи, 6,69 проценти. 

МВРО за девет месеци бреализирале 51,45 отсто од капиталните инвестиции, а Министерството за правда само 10,25 отсто.

МНР искористиле 57 отсто, а Министерството за финансии дури 76,5 проценти. За Функции на државата ресорот за финансии за девет месеци искористил 49 проценти од капиталните инвестиции. Царината искористила 36,4 отсто. 

Министерството за економија потрошило 55,87 отсто. Агенцијата за странски инвестиции е слаба, 30,7 отсто, а Дирекцијата за ТИРЗ 30,7 отсто искористила од капиталните расходи. 

Министерството за животна средина искористило само 33 отсто од парите за капитални инвестиции, а ќе треба многу повеќе, бидејќи станува алармантен проблемот со аерозагадувањето.

Министерството за транспорт потрошиле речиси 59 отсто, а ресорот за труд и социјала над 21 отсто. Министерството за информатичко општество и администрација само 13 отсто, а Министерството за здравство близу 40 отсто.

Агенција за вработување и Пензискиот фонд се послаби, со 7,15 отсто и 4,13 проценти соодветно. 

Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн. Нивната реализација е важна бидејќи креираат подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата“, велат од Министерството за финансии. 

Од денеска целата јавност ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето. На веб-страната на Министерството за финансии е објавена нова алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега - како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира, соопштија од Министерството за финансии.

Капиталните инвестиции се голем проблем, бидејќи е слаба нивната реализација. За осум месеци од годинава се реализирани само 28,16 отсто.

„Во дигиталната ера имаме широк простор за подобрување на фискалната транспарентност. Освен отченоста кон јавноста за трошењето на државните пари, фискалната транспарентност има улога и на коректор. Имено, ако јавноста лоцира дека одредена институција има помала реализација на капиталните инвестиции од очекуваното, преку јавното мислење ќе може да влијае на таа институција да го подобри перформансот. Се разбира, дека оваа алатка е само една од повеќето мерки за унапредување на процесите на буџетирање и извршување на буџетот. Програмата за управување со јавни финансии вклучува бројни реформи меѓу кои и интегриран информациски систем за управување со јавни финансии, со кој ќе се подобри целокупниот процес од планирање до реализација на расходите“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Алатката која ја покажува реализацијата на капитални инвестиции по институција на веб-страната на Министерството за финансии ќе објавува нови податоци на месечно ниво. 

(Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка