Скопје има над 11.000 активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Декември, 2020
Скопје засега е најголемо жариште на коронавирусот во Македонија.
Најновите податоци на Министерството за здравство покажуваат дека во градот има 11.527 активни случаи на коронавирусот.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.