17 Мај, 2024
0.0274

Скопјанка изгреба Твинго во Охрид

Објавено во: Стил 31 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Месец август се покажа како мошне бериќетен. Листата од среќни добитници ја надополнивме со уште едно име. Марица Тодорова  од Скопје успеа среќно да го збогати својот викенд престој во Охрид. Упатувајќи се кон плажите на брегот на Охридското езеро, таа од продажното место Владија на улица Туристичка си купила грепка Твингоманија 2. Овој одличен потег ја однел до трипати изгребаните симболи со автомобил, што е сигурен доказ дека нејзини се клучевите на тринаесетта премија- автомобилот Рено Твинго Тренд. Само за потсетување ова лето, ова е дури втората премија автомобил кој е освоена во продажните места во Охрид. Претходно Охриѓанец успеа да ги добие клучевите на автомобилот Поло, еден од вкупно 20те премии во Инстант лотаријата Среќни тркала. Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари.  Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд. Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно  40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ. Твингоманија 2  досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се  вкупно 13 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, два во Струмица,  а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Битола, Пробиштип, Гостивар и Куманово. Во игра се уште 27 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки. Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија. Вечерва  од 20 ч на телевизија Сител, очекувајте ја својата нова шанса во 70то коло од Новолото. Фондот за 7ката и понатаму расте. Се наближува до 9 милиони денари.