18 Мај, 2024
0.0280

Скендеровски: Да не беше Владата, никој немаше да ни даде кредит

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Југохром ќе ги вклучи изгаснатите две печки и ќе врати на работа 550 луѓе, вели за Фактор комерцијалниот директор Васко Скендеровски, откако вчера на владина седница беше задолжена Македонската банка за поддршка на развојот да обезбеди кредит од 1,5 милиони евра за филтерска постројка без која произведувачот на феросицилиум не може да ја добие потребната еколошка дозвола. Вели дека по две години комбинатот од Јегуновце е на пат да се врати во старите добри денови кога учествуваше во македонскиот БДП со еден отсто и во извозот со седум отсто.

„Ниту една друга банка во овој случај не сака да одобри кредит кога процесот на производство е запрен. Бонитетот е намален и се бараа гаранции кои ние не можевме да ги обезбедиме, иако нашиот имот вреди 20 милиони евра. Со ова се надевам целиот проект да заврши во мај, јуни. Печките 7 и 8 ќе се вклучат и очекувам 550 работници да вратиме на работа, да работиме со капацитет од 55 отсто. Мошне важно е што се гледа и на социјалната и на економската компонента, вели Скендеровски.

Комбинатот од Јегуновце треба да потпише договор за кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените. Скендеровски вели дека единствено Македонска банка поддршка на развојот прифатила да им се даде грејс-период за отплата на кредитот.

- Станува збор за единствена можност од грејс-период за враќање на ратите. Нашиот предлог е тој да биде една година, но на крај може да испадне и осум месеци. Тоа дополнително треба да се утврди. Останатото не прави голема разлика од она што би го барале од приватните банки. Очекуваме кредитот да го вратиме за четири до пет години - додаде Скендеровски.

Вели дека „Југохром“ изградбата на филтер-станицата ја започнал самоиницијативно и до сега направиле 30 отсто од проектот со сопствени средства или со 1,2 милиони евра. За кредитот што ќе го добие од државата заложува земјиште, печки и трансформатори, како и самата филтер-станица. Од домашните компании, на монтирањето на надворешниот дел работи „Факом“.

Инаку кредитот преку Македонската банка им го вети вицепремиерот Кочо Анѓушев уште пролетоска. Југохром е единствената компанија која не успеа да ја обезбеди А интегрираната еколошка дозвола поради што по неколку пролонгирања на рокот беше принудена да престане со работа.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа