СКАНДАЛ НА ОСКАРИТЕ: уапсено лицето кое ја украло статуетката на најдобрата актерка
Објавено во: Свет 05 Март, 2018
Украдената награда за најдобра актерка на Франсис Макдорманд повторно во нејзините раце.
Асошиејтед прес пренесува дека Тери Брајант (47) е уапсен синоќа, откако ја украл статуетката на забавата по церемонијата за доделување на најпрестижните филмски награди. Тој имал карта за настанот.
Франсис Макдорманд ја доби наградата за улогата во филмот „Три билборди надвор од градот“.