СЈО утре ќе одржи прес-конференција - дали ќе има нови истраги?
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
Специјалното јавно обвинителство утре во 12 часот ќе се одржи прес – конференција.
Не се знае дали ќе се презентираат нови истраги или ќе бидат соопштени нови обвиненија кои СЈО планира да ги покрене.
Инаку мандатот на СЈО истекува за два дена, а од Обвинителството најавија дека деновиве ќе отворат нови истраги и ќе се покренат обвиненија.
СЈО очекува дека дел од обвиненијата што ќе ги покренат ќе бидат прифатени, а некои отфрлени.
„Повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија“ - изјави деновиве обвинителката Катица Јанева.Рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија истекува в петок.