01 Мај, 2024
0.0286

Сите се среќни за докторката-херој на Хвар, но во цела македонска општина нема ниту еден лекар

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

По објавувањето на веста дека македонската докторка Дивна Војновска како единствен кандидат е вработена како лекар на хрватскиот остров Хвар а таму локалните жители да не мора да патуваат по 40-тина километри за преглед, тажната приказна во Македонија продолжува по објавувањето на веста дека во општина Чашка не работи ниту еден матичен лекар.

Локалната самоуправа дополнително нуди бесплатен простор и платени комуналии и огрев само да им дојде лекар кој со својата работа ќе опфати илјада жители на селата Теово, Согле, Богомила и неколку други, а тие да не мора да патуваат десетици километри до Скопје или Велес.Овие населени места веќе десет години се оставени без постојана лекарска грижа.

Горан Стојановски, градоначалникот на општина Чашка, покрај бесплатниот простор за 24 Вести вели дека се размислува и за дополнителни стимулации, а исто и од министерството за здравство биле запознаени со проблемот.

„Во тек се активности за вклучување на приватните матични лекари во јавниот здравствен систем, посебно во руралните средини каде недостигаат доктори во здравствените домови. Дополнително, во предлог буџетот за 2019 година определени се средства во висина до 3 милиони денари за реновирање на руралните амбуланти“ - велат од Министерството за здравство.

Докторката Војновска испадна херој во очите на хрватската јавност откако по подолго време се нафати да ги лекува жителите на гратчето Саќурај по положувањето на дополнителните испити кои се бараат според хрватските прописи. Таа веќе изјави дека и се допаѓа мирнит живот на море, наспроти метежот во СКопје.

Освен платата и станот, општината ќе и додели и бонус од 6.728 евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ