Сите компании на Агрокор со забрана за тргување на берза
Објавено во: Финансии 21 Декември, 2017
Загребската берза денес донесе одлука да го сопре тргувањето со акциите на сите осум компании кои се во сопственост на некогашниот гигант Агрокор кој го потресоа финансиски скандали и се водат судски процеси за измама. Загребската берза оваа одлука ја донесе со цел да ги заштити акционерите се додека не се утврди нацрт план за обештетување на кредиторите на Агрокор.
Забраната за тргување на берзата во Загреб е издадена за компаниите Леда, Јамница, Ѕвезда, Беље, ПИК Винкоцски, Вупик, Тиска и Житњак.
ЗСЕ образложува дека според законот за пазар на капитал е должна да донесе одлука за сторпирање на трговијата со акција кога се бара заштита на инвеститорите како и на други прописи кои ги заштитуваат доверителите во одредено акционерско друштво.
Привременото раководство на Агрокор соопшти дека е подготвен нацрт планот за обештетување на кредиторите преку реконструкција при што надоместокот ќе се утврди во наредните три месеци.
Агрокор ќе се подели на два дела, еден ќе го води нов холдинг од сите оперативни друштва на компанијата кој ќе биде во сопственост и управување на посебно тело составено од доверителите, кредиторите и банките, додека пак вториот дел ќе го сочинува старата структура на Агрокор на која ќе и бидат препишани долговите по што ќе се започне постапка за ликвидација преку стечај.