26 Април, 2024
0.0276

Сирски: Русите користат стара опрема, но војниците сега се подобро обучени

Објавено во: Свет 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

На боиште доаѓаат подобро обучени руски војници, тврдат во Украина. 

Генерал Олександер Сирски, командант на украинските копнени сили вели дека на боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници, по неодамнешната мобилизација која ја спроведе Москва. Вели дека мобилизацијата ја зголемила воената закана на Русија во Украина, но дека Москва моментално користи многу стара опрема, бидејќи има огромни проблеми со обновата на залихите. 

„На источното боиште ситуацијата е многу напната, непријателот секојдневно ги напаѓа нашите единици. Ваков број војници ја зголеми заканата за нас и тоа не се само зборови – тоа се нови бригади, нови баталјони кои се обучени, ова е дополнение кое војската го чекаше, бидејќи беше исцрпена“, вели Сирски.

Тој претходно изјави дека војната е тешка, но Украинците психички добро се држат. 


Жестоки борби има во Бахмут. Руските борбени авиони значително ја намалија активноста над Украина, стои во дневниот билтен на британската разузнавачка служба, пренесува ДПА. Руските воздухопловни сили сè уште извршуваат неколку десетици мисии дневно, што е значително намалување во однос на 300 мисии дневно во март, објави британското Министерство за одбрана на Твитер, повикувајќи се на разузнавачки информации. Руските воздухопловни сили досега изгубиле повеќе од 60 авиони. 

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин денеска со автомобил помина со Kримскиот мост. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек