(ВИДЕО) Путин со автомобил помина по Кримскиот мост
Објавено во: Свет 05 Декември, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин денеска возеше автомобил преку мостот на Крим, кој по експлозијата е отворен за сообраќај.
Како што објавија руските медиуми, Путин возел автомобил додека вицепремиерот на руската влада Марат Хуснулин му давал извештај за работите на мостот. На 8 октомври на мостот експлодираше камион, при што се запалија цистерни со гориво. Имаше и тројца загинати. Потоа за нападот Русија уапси неколку лица. Украина негираше дека стои зад нападот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Русија го анектираше Крим во 2014 година. Инаку, Русија неодамна ги анкетираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Но, Русија нема целосна контрола на овие региони. Русите неодамна се повлекоа од Херсон.