18 Мај, 2024
0.1381

Проклетството на грчкиот “пациент”

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Всушност, грчкиот премиер Андонис Самарас сакаше да направи сосема посебен и различен Божиќен подарок за своите сонародници - да кажат збогум еднаш засекогаш на "омразата Тројка", Грција да се ослободи од туторство на доверителите и да се справи cама. Во изминатиот понеделник, барем таков беше планот на Самарас, министрите за финансии од еврозоната мораше да го сузбијат на состанокот во Брисел излегувањето на Атина од спасувачката програма. Таквото решение ќе беше голем политички успех за грчкиот премиер. Но, работите не тргнаа на овој начин. Наместо тоа, министрите за финансии од еврозоната ја продолжуваат програмата за поддршка на Грција првично со уште два месеци. Иако неодамнешното подобрување на оценката на земјата не може да биде завршено до крајот на годината, изјавија министрите од еврозоната во понеделникот во Брисел. Комесарот за економски прашања, Пјер Московичи додаде дека Тројката - Европската унија (ЕУ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ), се враќа во вторникот за својот тековен преглед на економијата. Самарас, за возврат ќе го префрли закажаниот инаку за февруари 2015 година избор на нов претседател на парламентот за декември. Изборот ќе започне на 17-ти декември, изјави владиниот портпарол. Кандидатите сепак засега не се познати. Изборот на нов претседател е важен за политичкиот развој во Грција. Ако кандидатот на Самарас не го добие потребното мнозинство од 180 гласа, ќе дојде до предвремени парламентарни избори. Што точно се случува во земјата во моментов неодамна на незаборавен начин опиша Кириакос Мицотакис, министер за административна реформа. "Ние штотуку сме ослободени од болница и не сме во можност да одиме на маратон. Сè што може да се очекува од нас сега е прошетка во паркот. И при тоа не можеме да се шетаме сами, туку во друштво на медицинска сестра, која треба да го поддржува пациентот, ако тој има напад на слабост ". Притоа грчкиот пациент е на пат да се опорави. По шест години на рецесија економијата почна да расте од третиот квартал на 2014 година. Во април и повторно во јули Грција за прв пат успешно пласира на пазарот четиригодишни државни обврзници. Фискалната консолидација носи плодови: Откако во 2009 година земјата претстави буџетски дефицит од ужасните 15,6% од бруто домашниот производ, во ноќта спроти понеделникот парламентот во Атина го усвои Законот за државниот буџет, кој предвидува за прв пат од доста време наваму речиси избалансиран буџет за 2015 година "Clean exit" Фактот дека сеуште е премногу рано за Грција да направи "clean exit" - целосно повлекување од спасувачката програма, по примерот на Ирска и Португалија, е јасно со месеци и се должи до одреден степен на политичката неадекватност на владата. Во октомври Самарас објави не само планираното постепено запирање на помошта на ЕУ до крајот на 2014 година. Тој исто така рече дека е можно и предвремено раскинување на помошта на ММФ. Предвидено е со програмата на Фондот всушност да трае до март 2016 година. Самарас сепак планираше Грција да се откаже од следниот дел од кредитите во износ од околу 12 милијарди евра и преферираше да ги позајми тие пари од пазарот при поволни услови. Но финансиските пазари веднаш покажаа што мислат за оваа идеја. Приносот на 10-годишните грчки државни обврзници, која во август уште изнесуваше 5,5%, се истрела до речиси 9%. Во моментов тоа е 7%. Значи Грција се уште е практично исклучена од пазарот. Затоа Владата се откажа од планот да пласира трета емисија обврзници, а во меѓувреме Самарас се откажа тивко и од идејата за предвремено прекинување на програмата на ММФ. Наместо тоа, владата во Атина се советува со Фондот за нови мерки за помош од страна на ЕУ. Можна опција е објавувањето на кредитна линија од околу 10 милијарди евра. Кон овој заем, кој првично ќе биде даден за една година, Грција може да посегне, ако рефинансирањето на пазарот биде невозможно. Надежта е дека оваа заштитна мрежа ќе го потисне приносот на грчките обврзници и ќе продолжи пристапот до пазарот. Притоа јавните кредитори нема потреба да земаат нови кредити, бидејќи од вториот грчки спасувачки пакет сеуште достапни се над 11 милијарди евра, кои беа наменети за рекапитализација на грчките банки, но не се покажаа како потребни. Овие средства ќе бидат пренасочени. За тоа сепак се бара согласност на парламентите на некои земји од ЕУ, меѓу кои и на германскиот Бундестаг. Не само затоа што сега времето истекува. Премисата за создавање на кредитната линија е успешното завршување на преговорите со Тројката. Тројката не верува на параметрите на новодонесените буџет и се очекува во 2015 година финансиски недостиг од 2,5 милијарди евра. Таа повикува за надоместување преку зголемување на даноците и намалување на трошоците. Владата во Атина се бори упорно против зголемувањето на порезите, бидејќи според него нема да има дефицит. Ако не дојде до компромис, земјата е загрозена да не може да користи кредит за повеќе од 16 милијарди евра, меѓу кои и 11 милијарди евра за новата кредитна линија. За да се спасат парите и да се намали временскиот притисок над преговорите, еврозоната се согласи сега за проширување на тековната програма. Така се покажа дека Грција нема да ја добие последната транша од 1,8 милијарди евра оваа година. За Самарас овој развој е политички пораз. Но за грчкиот пациент може да се покаже како потег за спас на животот. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел