17 Декември, 2025
0.0683

Синот на Бухова се вработил во АЕК

Објавено во: Македонија 25 Август, 2022 11:03

Добивај вести на Viber

Радио Слободна Европа објави дека нововработен во Агенцијата за електронски комуникации е Ѓоко Бухов, син на директорката на Државниот здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова, како помлад соработник за човечки ресурси. 

Таа за РСЕ одговори дека нејзиниот син е вработен во АЕК минатата година, откако конкурирал на оглас. Претходно конкурирал за работа во АД Водостопанство и приватната фирма Лука Мобил, но не бил примен. 

Од АЕК велат дека неговиот прв договор на определено време од една година бил склучен во април 2021, и годинава е продолжен на уште една година.

Меѓу 150-те вработени во ова регулаторно тело е и сопругата на министерот за надворешни Бујар Османи, Валбона Хаџи Османи ,која е вработена во АЕК како советник за меѓународна соработка пред четири години.

Покрај неа на списокот се и сопругите на поранешните генерални секретари на минатата влада Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, Христина Протоѓер и Кристина Божиновска. Едната како соработник за човечки ресурси, другата како раководител на сектор за регулатива.

Според овогодишниот буџет на Агенцијата, вкупно 1,8 милиони евра се предвидени за нето износ на плати, што значи дека во просек вработените во оваа агенција добиваат илјада евра плата.

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето