ЕКСКЛУЗИВНО ФАКТОР ДОЗНАВА: Ирина Бухова повеќе не е директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Објавено во: Македонија 22 Август, 2022 20:42
Фактор од свои извори во здравствениот сектор дознава дека досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата.
Имено, нејзиниот мандат истече уште на 5-ти април годинава, но досега се бараше нејзина замена.
„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.
Фактор вечерва ја контактираше веќе поранешната директорка на ДСЗИ, Бухова која потврди дека по завршувањето на мандатот, самата побарала да именуваат нов директор. Инаку, се уште не се знае кој е наследникот на Бухова, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ, иако како што дознава Фактор, поранешната директорка Бухова е веќе известена за смената.
Aнита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




