30 Април, 2024
0.0315

Синдикатите бараат итен избор на ревизор за да се заштитат јавните пари од масовно предизборно трошење

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Синдикатоте бараат итен избор на главен државен ревизор, кој веќе не е избран две години, за да се заштитат парите од буџетото од масовно и неконтролирано трошење пред вонредните парламентарни избори во април.

Ова барање Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).денеска го упати до Владата и Собранието. Од таму велат дека итно треба да се спроведе постапка за избор или назначување вршител на должноста главен државен ревизор со што би се обезбедил основниот предуслов за континуитет во извршувањето на законските функции на Државниот завод за ревизија и заштита на правата од работен однос на вработените.

Бо моментов Заводот за ревизија нема директор, а од неодамна е и без заменик, така што без раководство неможе да функционира, односно да го контролира работењето на државните органи, општините, јавните претпријатија и на политичките партии. Во моментов процесот во собраниската Комисија за именување е закочен, а од друга страна од јануари се најавува техничка влада на 100 дена пред избори.

СФДМ и ССМ сметаат дека како се наближуваат предвремените парламентарни избори така се намалуваат шансите за главен државен ревизор и изразуваат поддршка на  барањата на вработените на ДЗР за итно надминување на неодржливата состојба со немање законски застапник.

Ревизијата од 4 октомври е практично без управител и еблокирана во извршувањето на своите активности пропишани со закон.

- Штетните последици од ваквата состојба се: неможност за целосна реализација на програмата за ревизија за 2019 година, недоставување на конечните ревизорски извештаи од веќе извршените ревизии и/или ревизиите коишто се во тек, недонесување на планот за ревизија за 2020 година, неможност за подмирување на режиските трошоци на ДЗР, неможност за остварување на правата од работен однос на вработените при што нема да може да се исплати плата, надоместоци и додатоци, пензионирање и сл., со што вработените би биле надвор од системот на пензиско и социјално осигурување, стои во соопштението, сметаат синдикатите.


Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени