19 Мај, 2024
0.0273

Симпозиум за енергетски менаџмент во организација на ЕВН Снабдување

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Претставници на над 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење.  На денешниот симпозиум за енергетски менаџмент што го организираше ЕВН Снабдување, компаниите што се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар имаа можност да се запознаат со можностите на енергетскиот менаџмент со чија примена се обезбедува поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците за енергија.

Со имплементирање на енергетскиот менаџмент компаниите ќе ги намалат трошоците за електрична енергија во своето работење над 30%, а на тој начин ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат своите позиции на пазарите.

evn 4

„За компаниите од суштинско значење е секоја можност за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста во работењето, а токму енергетскиот менаџмент е вистински одговор за тоа. ЕВН Снабдување преку своите стручни тимови и во соработка со нашите партнери кои имаат огромно искуство во оваа област ќе им помогне на сите заинтересирани компании да ја имплементираат оваа алатка и да обезбедат сигурен развој за своите бизниси“, истакна Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

Енергетскиот менаџмент преку енергетска ревизија која ја вршат специјализирани компании ги утврдува сите слабости во потрошувачката на електрична енергија во компанијата и нуди конкретни решенија за нивна промена, со што се овозможуваат сериозни заштеди. ЕВН Снабдување преку своите ексклузивни партнери - компанијата Алплан, кои се со големо искуство во оваа област на пазарите во ЕУ, ќе ја направи оваа можност подостапна и за македонските компании.

evn 5

„ЕВН Снабдување, како дел од групацијата на ЕВН, има пристап до огромно искуство  и „know-how“  во работење на отворен пазар и ние искуствата од групацијата сакаме да им ги направиме достапни на компаниите овде, на македонскиот пазар. Искуството од примена на енергетскиот менаџмент дава одлични резултати на пазарите во Југоисточна Европа и ние преку нашите активности ќе го направиме достапен и за македонските компании“, изјави Маркус Брандштетер, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

На симпозиумот пред претставниците на бизнис заедницата беа презентирани придобивките од примената на енергетскиот менаџмент од страна на компанијата „Џонсон Мети“. Оваа компанија веќе го имплементираше енергетскиот менаџмент во своето работење.

ЕВН Снабдување е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија со над 60% удел од компаниите на слободен пазар приклучени на дистрибутивниот систем. Компанијата располага со стручен тим преку кој нуди услуги, експертиза и сервиси на компаниите на дневна основа, овозможувајќи им стабилен развој на нивните бизниси.

ЕВН Снабдување е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји. Искуството и знаењето на групацијата од работење на либерализиран пазар на ЕВН Снабдување ѝ овозможи огромна поддршка во креирањето на најдобри понуди на македонскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст