СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОДНЕСЕ ПРВИОТ ПРИГОВОР ЗА КРШЕЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА - на потег антикорупционерите
Објавено во: Македонија 06 Април, 2024
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега треба ДКСК да постапи според член 33 од Законот за спречување на корупцијата и во рок од еден ден по поднесувањето на приговорот (значи денес, сабота, 6.04.2024) да ја извести Академијата за судии и обвинители АСЈО за приговорот и да побара објаснување. Потоа АСЈО е должна да се произнесе во рок од максимум три дена. И на крајот, не подоцна од пет дена (значи најдоцна во вторник, 9ти април) од поднесувањето на приговорот ДКСК е должна да закаже јавна седница на која ќе постапи по приговорот. ДКСК е должна одлуката по приговорот да ја донесе на јавна седница и истата е должна во рок од 24 часа (значи во среда, 10ти април, да ја објави на својата веб страна), а во одлуката треба да се утврди дали постои прекршување на одредбите на изборниот законик (во случајот очигледно е грубо прекршување на членот 8а од тој законик) и доколку има, тогаш ДКСК пред надлежните институции иницира постапка за утврдување на одговорноста на лицето, органот или институцијата што го прекршила изборниот законик. Овој случај кој го покренува проф Силјаноска Давкова ќе биде тест за интегритетот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.