Силен земјотрес во Грција
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2019
Силен земјотрес ја погоди Грција.
Потрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди реонот на грчкиот остров Родос, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море.
Атинскиот институт за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил на околу 10 километри под морското дно, со епицентар на 60-тина километри јужно од Родос.
Нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети.
Во истиот дел на Грција земјотрес со нешто послаб интензитет е регистриран и во вторникот.