Силен земјотрес во Егејското Море ја стресе Западна Турција
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2017
Потрес од 4,5 степени по Рихтер е регистриран во 7.35 часот утринава во Егејското Море крај Карабурун во округот Измир во Западна Турција.
Информацијата ја објави весникот „Милиет”, повикувајќи се на Сеизмолошката опсерваторија Кандилли во Истанбул.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Според Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени по Рихтер и бил на длабочина 7 километри.
Пред два дена потрес од 6,4 степени по Рихтер ја погоди Турција, а земјотресот беше почувствуван и во Грција и Бугарија.
Вчера имаше повеќе послаби земјотреси во Турција.
Денеска земјотреси имало во Италија, Франција, Иран, Грција и други држави.