Сигурната плата ја заменила со бизнис од соништата
Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2017
Моравме да штедиме и да тргаме пари на страна. Не одевме на зимување и летување и на крајот тоа ни се исплатеше, вели 35 годишната Лана Недељковиќ од Србија.
Таа е мајка на три деца, и се решила да ја остави сигурната работа во банка и да почне креативен бизнис со правење на кнедли.
Претходно 10 години имала работно искуство во банка.
„Главниот мотив за почнување бизнис со кнедлите ми беше желбата да го искористам својот потенцијал и идеите кои ги имам. Со работата во банка стекнав искуство во продажба на производи и тоа ми помага полесно да работам. Размислував со што сакав да се занимавам и одлучив“ - вели таа.
Недељковиќ смета дека луѓето се полни со идеи, но немаат храброст да ги реализираат.