14 Мај, 2024
0.0272

Швајцарскa инвестициска компанија заинтересирана за вложување во Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Швајцарскиот инвестициска компанија ФОС Асет Манаџмент ја скенира состојбата во Македонија за инвестиции. Веќе неколку недели тимови на овој Фонд се во Македонија и веќе имаат првични разговори за потенцијални инвестиции во одредени области. Според главниот извршен директор на ФОС, Маркос Камхис во Македонија има потенцијал за инвестиции, но во исто време има и доста сектори каде е можен развој на веќе постоечки производствени капацитети.

„Инвестициите не се одлуки кои се носат од денеска за утре. Станува збор за сериозно скенирање на состојбата во одредена индустрија и решението што ќе го донесете Вие треба да носи реален раст на секоја компанија која ќе ја купите, реорганизираме и развиете во вистински правец. По идентификацијата на бизнис можностите, започнуваме со детална анализа на економските, политичките, регулаторните и техничките фактори што влијаат на конкретниот бизнис. Во секоја инвестиција се потпираме на локалната експертиза во бизнисот и вложуваме во неа. Затоа треба да имате сериозни знаења и секако одличен тим што ќе направи бизнис проценка дали еден бизнис е одржлив или не. Не нарекуваат архитекти на бизнис одлуки и ние се гледаме како такви.”, изјави Камхис.

Тој ја започнува својата кариера во кариера во PricewaterhouseCoopers (PWC), а потоа станува дел од тимот што го создаде еден од најуспешните инвестициони бизниси во Европа што беше продаден на високо реномирана швајцарска банка во 2006 година. Во 2011 година започнува свој бизнис и го основа ФОС Асет Менаџмент, а истовремено е член на Бордот на Директори GSOL: Global Special Opportunities Limited, фонд за приватен капитал со капацитет од една милијарда долари.

„Не има во многу сектори со наши инвестиции кои се движат од финансиската индустрија, недвижнините, па се до природни ресурси и енергија со фокус на рударството и производството на метали. Една од нашите најзначајни инвестиции е преземањето на Фалкондо, производител на фероникел во Доминиканската Република, што преставува носечки столб на нашите инвестиции во металската и рударската индустрија. Оваа компанија ја купивме од Гленкор кон крајот на 2015 година. Иако пазарот беше сосем неповолен на пазарот со никел, успеавме да направиме позитивна бизнис приказна. Од капацитет што не работеше, денес Фалкондо има 1300 вработени и е една од водечките компании во државата. Само со долгорочен пристап можете да ”преживеете” во моменталните неповолни бизнис услови“, додава Камхис.

Предмет на интерес на ФОС се инвестиции металската и рударската индустрија, како и пазарот на недвижности и финансиски услуги.


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти