15 Мај, 2024
0.0252

Што значи Денот на Земјата и каква е неговата цел?

Објавено во: Свет 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Пред четириесет и седум години, на 22 април 1970 година, милиони луѓе излегоа на улиците за да протестираат против негативното влијание на 150-те години индустриски развој. Во целиот свет, особено во земјите во развој, смогот се зголемува постојано и секоја година зема милиони жртви. Загадувањето на воздухот предизвикува најразлични болести, а за адолесцентите е опасно. Биодиверзитетот бележи пад како резултат на тешката употреба на пестициди и други загадувачи.

Во почетокот на 70-тите години на минатиот век разбирањето на светот за глобалното загадување почнува да расте. Американскиот Конгрес и претседателот Никсон решаваат да дејствуваат. Во јули истата година тие ја создаваат Американската агенција за заштита на животната средина и неколку силни еколошки закони како Законот за чистата вода и Законот за загрозени видови.

Денот на Земјата е глобален настан кој се одбележува секоја година. Во него земаат учество повеќе од 1 милијарда лица низ целиот свет, во 192 држави. Ова е најголемиот настан, насочен кон заштитата на животната средина и животот на Земјата како целина.

Тоа се прифаќа како ден на политичкото делување и граѓанското учество. Луѓето излегуваат на улиците, потпишуваат петиции, се среќаваат со избраните политичари, садат дрвја, ги чистат градовите и своите патишта. Корпорациите и владите го користат за да прават ветувања и да прогласат мерки за одржлив еколошки развој. Духовните водачи, вклучувајќи го поглаварот на Римокатоличката црква папата Френсис, го поврзуваат Денот на планетата Земја со заштитата на најголемите Божји созданија - луѓето, биодиверзитетот и планетата на која сите живееме.

Во 2020 година Денот на Земјата ќе наполни 50 години. 

Признавајќи ја важноста на глобално население, авторите на мировен договор за климата го поставија образованието за прашањата на климата на прво место и ги повикаа националните влади да соработуваат при преземањето на мерки за подобрување на еколошката едукација, обука и пристапот до информации поврзани со проблемите со климата .

Еколошката едукација започнува да се развива интензивно токму по 1970 година, а новите модели регрутираат се поголема популарност. До оној моментот образованието се ограничува до настава на науката за природата. По почетокот на кампањата Денот на Земјата таа почнува да опфаќа и други концепти како одржлив развој, промовирање на економски вредности поврзани со транзицијата кон зелена економија - вклучувајќи работни места и можности за претприемништво.

Различни модели за формално и неформално учење за климата се раѓаат во целиот свет. Некои држави официјално ги признале преку своето законодавство дека работните места на иднината им припаѓаат на оние кои не само што ги разбираат информациите за животната средина, но и нејзиниот потенцијал за економски раст.

Во Финска на пример, која е призната држава со најдобар образовен систем е воведено еколошко образование и се изучуваат ризиците при промените во климата уште пред десет години.

Се повеќе земји во светот, вклучувајќи ги Италија, Мароко и Никарагва, усвојуваат закони кои ќе создадат нова генерација квалификувани зелени работни места на начин кој никогаш не сме виделе досега.

Во исто време, сепак климатската едукација и заштита на животната средина се соочува со се поголем напад во САД. За разлика од многу други земји, САД им дозволуваат на одделните држави да воведат сопствени наставни планови. Резултатот е 50 одделни планови за писменост во однос на климата и животната средина, од кои некои избегнуваат воопшто да учат за климатските промени.

Ако се земе предвид пејзажот на политичката поддршка за зачувување на нашата планета Денот на Земјата останува критичен момент во времето.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници