18 Мај, 2024
0.0353

Што значи да бидеш жена

Објавено во: Колумни 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Слика 1 -Средовечна жена, што туку вратена од работа, додека го запржува петочното гравче, желно ги исчекува одговорите од своите деца, секако прасувајќи ги за оние настани и активности што им го осбележале денот. Навидум релаксирана, но и помалку загрижена за нештата кои не се во доменот на нејзина контрола, но сепак ведра и желна да упати добар збор на членовите од своето семејство. Слика 2 - Жена пензионерка, која само што почнала да ги вкусува бенефитите од својот неколку децениски стаж, седи пред телевизор и со далечинскиот управувач менува програми, ту на една ту на друга и се туфка бидејки во едната турска серија не видела дали тие што се љубеле конечно се зеле, но му раскажува на мажот додека ја мести масата точно во 14 часот за ручек, ќе ја гледам репризата. Слика 3 -Млада интелектуалка, ита кон такси возило и веднаш му вели да побрза, додека му ја кажува адресата истовремено врти на својот мобилен телефон, а на другиот праќа порака. Со повишен тон го прекорува своето момче дека не ја разбира, жалејќи се дека истовремено е и професорка, и член на невладина и дека сака се да постигне  максимално коректно и правилно. И до бесконечност може да опишуваме слики во кои главни протагонистки се жени, жени работнички, жени мајки, жени домаќинки, жени политичарки, пензионерки, докторки, фризерки, жени од сите возрасти, етникуми, професии. Иако секоја има своја приказна и свој живот, иако секоја е специфична сама по себе и интересна на себесвојствен начин, иако секоја носи безброј радости но и грижи на своите плеќи, но за сите едно е заедничко, сите се борат за иста кауза и сите сакаат своите животни улоги да ги играат на најдобар можен начин. До кај сме и што направивме 8 март - меѓународниот ден на жената-едно прашање се наметнува.  До кај сме и што направивме. Во современото општество, вклучувајќи го и македонското, има голем напредок и неколку чекори напред во однос на правата, одговорностите и статусот на жената денес, во однос на децении наназад. Компарирајќи ги државите од Европската Унија и Балканот се воочуваат одредени разлики, посебно во полза на политичките и раководните функции што ги заземаат жените, но сепак позитивниот пример што го следиме, не става во рангот на држави кои ја почитуваат и ценат женската кауза. Можеби за многумина воведувањето на позитивни квоти во политичкиот дискурс е дискриминирачки, но јас од еден поинаков агол тие позитивни квоти ги оправдувам, бидејќи без нив и без нивната обврзувачка моќ во едно делумно традиционално општество, многу малку жени ќе можеа да ги покажат своите компетенции во политиката и да се докажат како мудри и добри политичарки. Впрочем за ова говорат и фактите и ако се направи споредба со почетоците на македонскиот плурализам ќе се види таа нагорна линија во политичката сфера, пред се во бројот на пратенички и министерски места. Секако за тоа посебна благодарност и ловориките треба да се дадат на невладиниот сектор и форумите на жените кои се изборија во рамките на своите матични партии да го воведат системот на позитивни квоти. Невладиниот сектор, посебно организациите на жени, преку позитивни примери, пред се од државите кои се високо рангирани во однос на женската кауза, преку низа едукации, трибини и семинари успеаа да едуцираат жени, кои иако беа доволно образовани и самосвесни, сепак им беше потребен поттик и поддршка за нивна политичка мисија или отворање на сопствен бизнис. Секоја чест за таквите активности и секоја личност која била дел од таква едукација или одреден настан ги знае бенефитите од истите. Секако дека ова се само дел од напредните дејанија, идеи и активности кои придонеле за напредок и солиден статус на жената во совремието, но не се доволни и конечни и треба уште едукација и борба за да се дојде до она посакувано и вистинско, идентично и изедначено ниво на двата пола. Се додека постои дискриминација и насилство, се дотогаш прашањата за женската кауза ќе бидат добредојдени и неминовни За некого можеби е надминато, за некого можеби е дегутантно, за некого можеби е здодевно, за некого интересно, но за мене  ите како е потребно да се говори за жената, таа да се стави на пиедесталот на кој и припаѓа и да се продолжи борбата за женската кауза. Едноставен е одговорот уште треба да се говори за женски права и прашањата поврзани со женската кауза и тие треба да бидат приоритетни бидејќи додека постојат избори за мис, каде се оценува женското тело и се третира жената како предмет, се додека осамнуваат реклами за хот - лајн линии со кои се праќа порака дека сексот со жената може да се купи и се потценува љубовта, се додека постои дискриминација и насилство, се дотогаш прашањата за женската кауза ќе бидат добредојдени и неминовни. П.С. Искрено негодувам на вулгаризацијата на овој празник, бидејќи тој треба да се чествува во духот на самата кауза, без засилени и наметнати празнувања, нез ора, чочеци и скапи тоалети во кафеани, без поклони од типот на ти го дај ми го, едноставно и скромно, да се проговори и да се одговори Зошто е значаен 8 март-меѓународниот ден на жената. Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе