18 Мај, 2024
0.0278

Што значи Брегзит за Македонија?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Одлуката на Велика Британија за излез од Европската унија најверојатно ќе го забави растот на британската економија, па дури е можна и рецесија, прогнозираат дел од македонските аналитичари. Според универзитетскиот професор Владимир Филиповски, британската економија сега се наоѓа пред неизвесност и нови преструктуирања, кои може негативно да се одрзат врз економската активност.

„Многу прогнози на релевантни меѓународни економски и финансиски институции покажуваат дека е голема веројатноста британската економија да доживее некој вид на рецесија можеби не драматична но како ефект од Брегзит дека ќе има некои неповолни ефекти во самата динамика и обем на економска активност таму. Самата британска економија оти ќе има неизвесност, ќе треба да се преструктуира, и можно е економската активноста да забави. И тоа секако има негативни импликации во други сфери како реалниот сектор и финансискиот сектор. Цените на акциите на британските компании можат заради тоа заради тие идни неповолни проспекти да изгубат на вредност“, вели универзитетскиот професор Филиповски.

Неизвесноста од ваквата одлука ќе влијае најмногу врз девизните пазари и понатамошните интервенции на Централните банки, сметаат економистите.

„Последиците ќе бидат пред се поради фактот дека британската економија ќе мора сега да ги редефинира да ги репреговара односите со ЕУ.Самото излегување од ЕУ подразбира и еден институцинален процес во кој што ќе се договараат многу нови работи, како ќе функционира британската економија во однос на единстевниот европски пазар, какви ќе бидат односите во различни сектори, на пример услугите особено финансиските, бидејќи Лондон е светски финансиски центар, какви ќе бидат импликациите во однос на размените на финансиски услуги. Не е случајно што британската фунта доживеа пад. Ќе има голема неизвеснот на девизните пазари кои сега се во потрага по нови рамнотежни курсеви на фунтата во однос на главните светки валути. Исто така ова ќе има големо влијание и врз Централните банки односно водењето на монетраните политики, бидејќи девизниот пазар е многу поврзан со политиките и интервенциите што ги прават Централните банки“,вели универзитетскиот професор Филиповски.

Дел од економските експерти пак сметаат дека одлуката на Велика Британија нема да донесе само негативни резултати.

„Економски Велика Британија мислам дека многу ќе зајакне нема да зависи од регулативите во Брисел. Лично сметам дека ништо тоа не е случајно и позади него има еден голем визонерски проект.Мислам дека најмногу ќе изгуби германската економија и економиите на останатите особено Јужна Европа многу ќе изгуби. Самата Британија мислам дека многу повеќе ќе добие отколку што ќе изгуби, иако нели во ниту една ситуација нема само позитивни страни има и негативни. Британија нема да го изгуби приматот на финансиски центар. Лондон ќе остане центар на финансиите, сега Франкфурт ќе биде загрозен, заради јачината на Европската унија со Британија во таа Унија.Знаеме дека економијата ја доминираше Германија, континенталните берзи и Франкфурт како центар беше јак, а сега бидејќи се одвои Велика Британија, ќе ослабне Франкфурт а Британија пак ќе си остане финансиски центар.Кина тргува со Лондон, а не тргува со Франкфурт, да не зборувам за Америка“, вели Зоран Витанов од Асоцијацијата на менаџери.

Првите потреси од Брегзит веќе се почуствуваа на финансиските берзи. Британската фунта падна на најниското ниво во историјата. Во текот на вчерашниот ден за неколку часа британската валута загуби над 10%.  Вооднос на еврото фунтата падна за 7 отсто, што според експертите овие потези се поекстремни од тие што беа забележани при финансиската криза во 2008 година.

Што значи Брегзит за Македонија?

Негативните ефекти од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, индиректно ќе ги почуствува и македонската економија. Од Стопанската комора на Македонија коментираат дека последиците ќе зависат од следните чекори на Обидинетото кралство со Европската унија во однос на усогласување и регулирањње на трговските договори со другуте земји кои не се членки на ЕУ.

„Ова не е едноставен процес, посебно од економски аспект бидејќи е врзан со постигнување на нови трговски договори и дефинирање на прашањата како би се работело во надминување на евентуалните нови тарифи и бариери како и околу слободното движење на стоки и услуги. За бизнис-секторот е важно условите кои ќе се дефинираат да не условат усложнување на востоставените правила и принципи кои се пременуваа досега. Надворешно трговската размена на Република Македонија со Велика Британија од 2001 година досега се одвива согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европскaтa заедницa. Согласно укажувањата кои ги имаме од компаниите кои соработуваат со Велика Британија, и покрај падот на фунтата што се случува сега што е нормална реакција по оваа одлука за излегување од Унијата, очекувањата се дека состојбите ќе се нормализираат и дека нема да има позначајни поместувања и негативни ефекти по македонското стопанство“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Според економистите негативните ефекти први ќе ги почуствуваат бизнисмените кои тргуваат со оваа земја, оти ќе мора да се прилагодат кон новите правила за тргување со Велика Британија, бидејќи досега важеа регулативите на Европската унија.

„Ефектите врз македонската економија ќе бидат практично посредни, изведени од она што ќе се случи во преговорите меѓу Велика Британија и остатокот на Европската унија, бидејќи сега тоа ќе е нова рамка за трговија, нова рамка за движење на стоките, услугите, факторите за производство и во тие рамки и македонската економија ќе мора да се прилагоди на тој нов сет на регулативи со кои што ќе се утврдуваат и трговските, финансиските и инвестициските односи меѓу Велика Бртианија како економија  и остатокот на Европската унија. Ние знаеме дека тој процес е прилично долг. Во преговорите имате една земја Велика Британија со 27 други земји кои што исто така треба да се во некој процес на усогласување на нивните реакции на она што го бара првата страна во преговорите. Така што тоа ќе земе многу време, а тоа значи  голема незивесност. А знаете неизвесноста генерално пособено онаа неизвесност при утврдување на трговските односи за фирмите не е поволен амбиент, бидејќи тие не можат долгорочно да планираат туку мора постојано да се прилагодуваат на некои краткорочни промени.Секое прилагодување на нешто ново значи дека малку се воздржувате од нови инсветиции“,вели универзитетскиот професор Филиповски.

Дел пак од експертите сметаат дека засега нема да има некои драматични негативни последици за македонската економија, но порачуваат дека е време Македонија да се насочи и кон други пазари за трговска размена, а бизнисмените да бидат подготвени за промена на царинските стапки со Велика Британија.

„Секако дека се очекува промена на царините, но сега не, туку после 2020 година, посебно по однос на Велика Британија.Меѓутоа јас не сум сигурен дека Велика Британија така наивно ќе изигра. Бирократите се во Брисел, не се во Лондон. Во Лондон законите ги диктираат стопанските комори, во Европа законите ги диктираат политичарите и тоа е една од основните причини зошто Велика Британија одлучи да ја напуши  ЕУ.Така што да ќе има промени во царините, но не неповолни“, вели Витанов.

Богов: Брегзит не е директна закана за Македонија

Гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов порача дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не е директна закана за македонската економија,  но сепак не ја исклучува можноста за сериозни и долгорочни последици. Богов изјави дека Македонија не може да влијае на глобалните движења, но дека сегашната состојба на европската економија ќе влијае и врз македонската , со оглед на тоа дека најголемиот дел од трговската размена ја имаме токму со земјите од ЕУ.

„Она што најпрво треба да направиме е да ја стабилизираме домашната политичка ситуација и да ги намалиме ризиците на домашен план Кога сме во бура се гледа кој има цврста куќа, а кој не. Треба да направиме се што е во наша моќ да ги зацврстиме темелите и градбата на нашата кука за полесно да поминеме низ овој трубулентен период“, изјави Богов.

Богав порача дека Брегзит нема да се одрази на девизниот курс и сигурноста на банкарскиот сектор, но дека сепак кредитирањето ќе биде намалено.

Велика Британија е втор  трговски партнер на Македонија. Вкупната трговска размена на Македонија со Велика Британија во првите четири месеци од 2016 година достигна вредност од 254,2 милиони американски долари, што претставува пад од 8,17% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, извозот е 20,4 милиони американски долари, а увозот 233,8 милиони долари. Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека според според сегашната правна рамка меѓу двете земји, освен  Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Македонија и Европскaтa заедницa од 2001 година, тука е и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал  од 2007 година. Пред примената на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, склучени се и Законите за ратификација на Спогодбата меѓу македонската влада и Владата на Обединетото Кралство за меѓународен патен сообраќај, за воздушен сообраќај и за соработка во областите образование, наука и култура. Велика Британија е и земја од каде што доаѓаат голем број странски инвестиции во Македонија. Според очекувањата на економистите, посточеките инвестиции нема да бидат загрозени, но можно е воздржување од нови инвестиции.

Т.Н

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа