Што закачија бесните Грци на Акропол?
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2019
Во очи на гласањето за Договорот од Преспа во Грција ќе има протест, а Акропол е закитен со паноа.
Од Комунистичката партија утрово поставија две големи паноа на ѕидините на Акрополот во Атина на кои се испишани пораки на грчки и на англиски јазик против Преспанскиот договор, пренесува „Катимерини“.
„НЕ – за договорот Ципрас-Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иридентизмот и национализмот. ДА – за пријателство, солидарност и заедничка борба на народите“, пишува на паноата.
Грците попладне ќе излезат на протест, а во земјата веќе се затвораат дуќаните, како што беше најавено вчера.