18 Мај, 2024
0.0314

Што вели статистиката, колку странски јазици говорат најголем дел од македонските граѓани?

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Во однос на говорењето на странски јазици сме многу далеку зад Летонците, Литванците, Финците, Данците, Швеѓаните, Малтежаните, Словенците, а подобри сме од Бугарите и Романците.

Ако погледнеме статистички податоци од Евростат, кои се однесуваат за претходните години, тие покажуваат дека најголем дел од граѓаните во земјава навеле дека говорат само еден странски јазик.  38 отсто од Македонците, меѓу 25 и 64 годишна возраст, кажале дека имаат познавање на еден странски јазик. Кога станува збор за познавање на два странски јазика оваа бројка опаѓа на 20 отсто, додека само 9 отсто од Македонците имаат познавање од три или повеќе странски јазици. Македонија има полоши резултати од ЕУ во целина, но подобри од неколку држави членки на Унијата.

„Од моето искуство сметам дека луѓето кај нас имаат слух за учење на јазици, но различни фактори се во игра, така што кај некого е пресудна потребата, кај други талентот или желбата. Но, во денешно време добро е да се знаат барем два странски јазика, затоа што отвораат врати за вработување за луѓето, како и други можности, а воедно познавањето на јазикот секако ќе им се најде кога ќе одат на патување“, вели професорка по грчки јазик.

Од училиштето за странски јазици „Смарт хед“ од Битола објаснуваат дека младите покажуваат добар интерес за изучување на странски јазици.

„Младите користат таблети, телефони, и нив лесно им оди со англискиот јазик, но за сметка на тоа го запоставуваат македонскиот јазик. Постарите послабо говорат странски јазици. Најголем дел од оние кои учат јазик поради потреба, се фокусирани на германскиот јазик, затоа што сакаат да заминат во Германија“, додаваат од „Смарт хед“.

Од училиштето за странски јазици „Темза“ од Прилеп велат дека младите кај нас обично говорат англиски јазик, но не е на одмет да се познава и друг јазик.

„Простор за подобрување на тоа поле секако дека има. Граѓаните најчесто учат англиски и германски јазик. Ретко кој учи јазик само за да го пополни слободното време, туку го учат оној јазик од кој ќе имаат практична примена и кој ќе им треба за работа“, додаваат од „Темза“.

На ниво на ЕУ, 65 отсто од граѓаните рекле дека познаваат еден странски јазик, покажува Евростат. По земји членки, најдобри резултати бележат Шведска со 97 отсто, Летонија, Данска и Литванија со 96 отсто, Луксембург со 95 отсто, Финска и Малта со 92 отсто и Естонија со 91 отсто. Финска и Словенија, пак, имаат највисоки бројки во однос на познавањето на три или повеќе јазици (45 и 38 отсто). Најниско познавање на странски јазици има во Велика Британија каде само 35 отсто од граѓаните познаваат еден странски јазик, потоа Романија со 36 отсто, Унгарија 42 отсто и Бугарија каде половина од населението не познава ниту еден странски јазик.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност