Што советува бизнисменот кој заработи милиони пред 30-тата година
Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2016
Грент Кардон е многу успешен бизнисмен кој на рана возраст пред 30-тата година го заработил првиот милион и сега открива како дошол до тој успех.
„Најдобриот бизнис совет кој било кога некој ми го дала е од мојата мајка која всушност никогаш не беше вклучена во деловниот свет. Таа ми рече дека најдобрата инвестиција која можеш да ја направи е да вложиш во себеси, тоа секогаш ќе ти носи повратен бенефит и никој не може да ти го одземе, тоа е зделка од која немаш што да изгубиш“, вели Кардон.
Кога имал 25 години работел во продавница за автомобили и ја мразел својата работа, бил слабо платен и недоволно ценет, но решил да го примени советот на мајка си и почнал да учи техники на продажба, гледал ленти со совети за деловен успех и полека ги применувал во секојдневието.
Се трудел прв да дојде и последен да си оди од работното место и вели дека многу повеќе памети кога заработил 3000 долари повеќе отколку на првиот милион бидејќи тие пари направиле огромна разлика. Потоа основал сопствен бизнис, а денес има пет компании кои остваруваат милиони профит годишно.
Што мислите вие за неговата работна етика и философија, колку е реално и лесно тие да се применат и веднаш да очекувате резултати.