17 Мај, 2024
0.0261

Што се случува со македонските работници кога ќе побараат покачување?

Објавено во: Финансии 25 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија не секој работник се решава да побара покачување на платата.

Оние кои направиле таков чекор велат дека ризикувале да останат без работа.  Според нив, во моментот кога ќе му соопштат на работодавецот дека бараат повисока плата, тогаш се наведуваат низа изговори за да не биде како што посакува работникот.

„Пред две години побарав покачување.  Сакав дневницата да ми биде коригирана со 100 денари дневно, а бидејќи во градежништвото се работи по 26 дена месечно, по 10 часа дневно, тоа се 2600 денари плус на крајот од месецот. Работодавецот не ми потврди веднаш, ми кажа „Ќе видиме“, а добив по 50 денари дневно. Знаејќи ја нашата ситуација во државата, бев задоволен затоа што добив 1300 денари месечно плус или тоа ми се пари за оброк во текот на месецот“ – раскажува Александар М, градежен работник од внатрешноста.

Девојка која работи во фризерски салон вели дека кога преговарала за платата, работодавците делумно го земале во обзир нејзиното мислење.

„Се слушна и мојот глас и на крајот беше 50-50. Се прифати нешто од она што јас го барав и дојдовме до компромис. И тие биле работници пред да бидат газди и знаат како е.  Во иднина ако мислам дека заслужувам покачување на плата ќе побарам, ако не нема да го направам тоа“ – додава девојката.

Друга работничка која работела во продавница за облека, раскажува дека покачување на плата не барала затоа што знаела дека нема да го добие.  Сепак на тоа работно место  се задржала додека да почне со студии.

„Јас работев само неколку месеци за мала плата. Имаше други колешки кои со години не беа пријавени. Мислам дека во големи претпријатија ако сите работници се сложни ќе добијат покачување. Вака многу малку им покачуваат во фабрики и ги плаќаат најмногу 55-60 денари по час“ – вели таа.

Весна Гарванлиева, економист во Центарот за економски анализи вели дека работиците преку синдикат или директно можат да побараат покачување, но  не би требало ова да биде причина за отказ и се зависи од односот со менаџментот на компанијата. Според неа, ако бара покачување работникот не треба да има реперкусии.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!