29 Април, 2024
0.0250

Што се случува со луксузната јахта на Трифун Костовски?

Објавено во: Стил 06 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Јахтата што ми ја зеде државата нелегално, сега ја користи претседателот Ѓорѓе Иванов на летување во вилата „Билјана“ во Охрид. Ваква изјава на македонскиот бизнисменот Трифун Костовски пренесува хрватскиот неделник „Бизнис пипл“. Во изјава за македонските медиуми, Костовски објаснува дека јахтата  била одземена согласно законските прописи, но вели тој, сметав, а и сега мислам дека прекршокот не беше таков за да не може да го надоместам, а јахтата да не ми биде експресно одземена. „Тоа, тврдам дека е направено по налог на одредени структури во власта, и сега таа е сопственост на МВР. Бидејќи е од луксузен тип, сигурно дека се користи за шетање на ВИП личности. Шпекулациите на еден портал и некои злонамерни коментари дека сум ја купил на лизинг на име на моја фирма во Австрија па без да ја платам сум ја потонал и сум ја донел во Охридското езеро ги отфрлам со индигнација. Ја купив и ја платив со мои пари, се друго е лага. Ме чуди што од се што кажав во подолгото интервју за угледниот хрватски магазин Бизнис пипл, толку голем интерес предизвикаа неколкуте реченици кои ги кажав на прашање на новинарот за јахтата што ми беше одземена“, вели Костовски, пишува Либертас. Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов пак демантираат дека таа јахтата на Костовски ја користел претседателот. Луксузната јахта „Гобби 315“ чинела стотина илјади евра. Јахтата сега е во сопственост на Министерството за внатрешни работи,

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти