Што се случува со инфлацијата во Турција?

Објавено во: Економија 05 Декември, 2022
Инфлацијата во Турција се намалува. Потрошувачките цени годинава се зголемени за 84,39 отсто во ноември наспроти растот од 85,51 отсто во октомври. Месечната стапка на инфлација во ноември изнесуваше 2,88 отсто, наспроти 3,51 отсто во претходниот месец.
Најголем годишен раст на цените има во транспортниот сектор од 107 отсто, а потоа следуваат цените на храната и безалкохолните пијалаци од 102,55 отсто.
Годишната инфлација е благо намалена во ноември за првпат по постојан раст нешто повеќе од една година, соопшти денеска Турскиот статистички институт.
Инаку, инфлацијата растеше 17 месеци по ред.Но, и Македонија неодамна се најде на листата на земји со највисока реална инфлација.
foto freepik.com/jannoon028
Можеби ќе ве интересира
Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија
