Што се случува со цената на нафтата на меѓународните пазари?
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2017
Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска скокнаа поради очекувањата произведувачите на состанокот на крајот од месецот, да донесат одлука за намалување на производството.
Цената за барел на лондонскиот пазар порасна за 27 центи во однос на претходното затворање и изнесува 64,22 долари. На американскиот пазар цената е непроменета и изнесува 57,26 долари.
Повисоките цени се резултат на настојувањата предводени од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и Русија, со намалување на производството да се приближи понудата и на тој начин да се постигне рамнотежа на пазарот.
Дури ниту значително слабиот увоз на кинеска нафта од октомври, ниту пак зголеменото производство на нафта во САД на рекордни вредности, како што оценуваат експертите, не ја спуштија цената на нафтата на долг рок.
Дополнителна поддршка на цените дава и силната побарувачка и засилените политички тензии. На пазарите се очекува дека членките на ОПЕК, на состанокот на крајот од месецот ќе договорат продолжување на намалувањето на производството.
Се очекува во иднина побарувачката на нафта да опаѓа.