05 Мај, 2024
0.0299

Што се случува со АрцелорМиттал ХРМ?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

АрцелорМиттал АД Скопје ХРМ како наследник на гигантот Железара во металургијата е далеку зад своите денови на слава. Активностите на компанијата никако да „живнат“, приходите од продажба најверојатно се должат на преостаната залиха која сега се продава, а според финансискиот извештај за првиот квартал од 2017-та, во компанијата има неколку вработени бидејќи биле исплатени само 37.000 денари за плати и придонеси.

Ако се анализираат оперативните приходи на АрцелорМиттал АД Скопје ХРМ за К1 2017-та се забележува дека оствариле продажба и тоа на домашниот пазар од околу 11 милиони денари што се чини дека е некаков напредок ако се направи споредба со истиот период лани кога немале воопшто продажба на домашен пазар. Меѓутоа во овој квартал АрцелорМиттал ХРМ нема никакви приходи од продажба на странски пазар, 0 од извоз на метални легури.

Според неконсолидираниот извештај објавен на Македонска берза, АрцелорМиттал ХРМ има незабележителни оперативни расходи од нешто над 7 милиони денари, од кои најголем дел завземаат услугите со карактер на материјални трошоци од речиси 5,5 милиони денари. АрцелорМиттал ХРМ за три месеци извршил набавка на трговски стоки вредни речиси 1 милион денари.

Финансиската страна на расходите открива многу повеќе за состојбата на АрцелорМиттал ХРМ каде има зголемување. Во првите три месеци издвоени се 49 милиони денари за камати, што ултимативно ја води компанијата во загуба, а претставува и зголемување во однос на истиот период лани кога финансиските расходи по ист основ изнесувале 36,3 милиони денари. На крај првото тромесечие за 2017-та АрцелорМиттал ХРМ го завршува со загуба од 35.921 илјади денари што е речиси идентично како и во првиот квартал во претходната година,

АрцелорМиттал ХРМ, во период од први јануари до 31­ви декември 2016 година, прокнижи загуба од 120.766.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата евидентираше загуба од 138.783.000 денари. Вкупните приходи од продажба во текот на минатата година достигнаа 12.078.000 денари.

Основната дејност на АрцелорМиттал ХРМ е производство на топло валани котури и топло валан лим.

Во посебна анализа ќе ги разгледаме резултатите на АрцелорМиттал ЦРМ одделот, па следете не да видите какви се нивните операции во К1 2017.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?