fake panerai watches Што се случува на берзата во САД
02 Мај, 2024
0.0291

Што се случува на берзата во САД

Објавено во: Анализа 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

И во овој текст преку интересни графици ќе се обидеме да ви ги доближиме моменталните случувања на најголемата берза во светот. Здравјето на економијата која сочинува 20% од тоа што го произведува светот, секако дека треба да не интересира и нас, доколку таа е репер за тоа што ќе се случува во светот. Нашата берза, покажува различни движења поради регионалните состојби, но тоа секако не е причина да не го направиме овој увид. Погледнете: Ова е S&P 500 индексот корегиран за нивото на инфлација. Што би рекло изразен во реални вредности. Иако номинално гледано врвот веќе е надминат, корегиран за инфлација ќе му треба уште некое време. Воедно овој одличен график покажува дека навистина долгорочно гледано берзата може да би донесе исклучително голем поврат. Па така на пример за секој инвестиран долар пред околу 20 години, денеска ќе се добиеле осум. И тоа корегирано за инфлацијата. Вториот график ќе ни го покаже дивидендниот принос на индексот: Како што може да видите дивидендите се на скоро најниско ниво на постоење на индексот. Само 2%. На пример кај нас скоро секоја компанија која дава дивиденда има поголем принос. Но токму поради тоа нашата берза е на 80% од највисокото ниво, додека американската е на историски врв. Кога акциите растат, нивниот дивиденден принос паѓа и обратно. Но секако, не само до тоа. Благодарение на политика на ФЕДот приносот на обврзниците е неверојатно мал, што ги тера инвеститорите да влегуваат во поризични активи. Еве колку е мал приносот За десет годишна обрзница САД плаќа камата од само 1,78%. Ќе уживаат додека можат. Прашањето е само како ќе заврши забавата? Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад