18 Мај, 2024
0.1057

Што се договорија Брисел и Москва за „Јужен тек“?

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Руското министерство за енергетика и Европската комисија ќе формираат работна група која ќе ги разгледува сите технички прашања во врска со проектот „Јужен тек“, објавија по заедничката средба рускиот министер за енергетика Александар Новак и еврокомесарот за енергетика, Гинтер Отингер. Отингер отпатува специјално во Москва за да разговара за иднината на гасоводот, кој според Европската комисија се коси со европското законодавство. Европската комисија им препорача на земјите низ кои ќе поминува гасоводот, а посебно на земјите-членки на ЕУ, да ги сменат договорите со Москва, бидејќи во спротивно ќе се соочат со кривични постапки. Според Брисел, Третиот енергетски пакет на Унијата е во спротивност со двостраните договори за проектот „Јужен тек“, бидејќи пакетот предвидува сопственикот и операторот на гасоводите на европска територија да бидат различни, како и до објектите да биде дозволен пристап на надворешни компании. Москва за сега останува на ставот оти дополнителни преговори за веќе потпишаните договори нема да има и бара од Брисел да дозволи исклучоци од Третиот енергетски пакет на ЕУ  и да не го проблематизира овој проект. Несогласувањата меѓу Русија и ЕУ за разликите во договорите со „Гаспром “ за изградба на „Јужен тек“ треба да се решат според меѓународно право, посочи неодамна рускиот заменик- министер за енергетика Анатолиј Јановскиј. И Македонија има свое место во проектот, а според министерот за финансии Зоран Ставрески реализацијата на „Јужен поток“ ќе продолжи така како што е најавено. Тој упати и повик до Брисел и Москва, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања кои, како што изјави, Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата